Енормното загадување на воздухот ги наполни болниците
Енормното загадување на воздухот предизвика компликации кај хронично болните, особено кај оние кои страдаат од астма и други белодробни заболувања. Но, на удар се и децата. Граѓаните велат дека особено во ноќните часови се чувствува аерозагаденоста. Излегуваат од дома само доколку е неопходно...

Енормното загадување на воздухот ги наполни болниците и предизвика компликации кај хронично болните, особено кај оние кои страдаат од астма и други белодробни заболувања. Но, на удар се и децата.
Околу 80 прегледи дневно на Клиниката за детски болести. Покрај вирусите кои се актуелни овој период загадениот воздух дополнително ја влошува состојбата.
Граѓаните велат дека особено во ноќните часови се чувствува аерозагаденоста. Излегуваат од дома само доколку е неопходно.
Според еколозите, потребно е да се реши состојбата со јавниот превоз. Покрај инфраструктурата во Скопје и греењето на домовите, автомобилите се едни од најголемите загадувачи, но велат дека опцијата за јавен превоз е проблем.
Од Град Скопје со мерки и препораки. Зачестено миење на улиците, да се избегнуваат спортски настани на отворено, да се користи јавен превоз, зајакнати инспекциски надзори, апел да не се користи огномет и пиротехника.
И од УНИЦЕФ со препораки сите активности на отворено и физички интензивни активности да се преместат во затворен простор или да се откажат. Училиштата доколку е можно да користат прочистувачи на воздух и да ги следат учениците за симптоми поврзани со загадувањето на воздухот.
Ана Јосифоска
