Намалена видливост на патиштата поради магла
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Од 21:00ч. ГП Евзони е отворен за сите видови сообраќај за влез во Р. Грција.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
