Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напладне во Собранието ќе има годишно обраќање пред пратениците, второ во нејзиниот мандат. Се очекува шефицата на државата да говори за актуелните случувањата во годината што изминува, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напладне во Собранието ќе има годишно обраќање пред пратениците, второ во нејзиниот мандат. Се очекува шефицата на државата да говори за актуелните случувањата во годината што изминува, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата.
Ставот на претседателката е дека Балканот е природен дел на Европа, географски, историски и културно. Неговата целосна интеграција во Европската унија ќе стави крај на бескрајното прекројување на границите, а со тоа и крај на балканизацијата како феномен, бришејќи ги границите меѓу балканските држави.
