Насилни антивладини протести во Тирана
Демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехника...

Тензична и насилна ноќ во Тирана, откако протестот на обединетата албанска опозиција пред Владата ескалираше во судири со полицијата. Демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехника. Оштетен е државен имот, а еден полицаец повреден. Лидерот на опозицијата Сали Бериша упати остри пораки кон премиерот Рама, обвинувајќи го за корупција и криминал. Повика на обединета борба за смена на власта и формирање техничка влада.
„Да се обединиме што е можно повеќе. Во ваше име, ги поканувам сите опозициски политички сили, членови на опозицијата, сите храбри луѓе да продолжат во оваа одлучувачка битка за судбината на овој народ што изумира, што е опустошен од кој неговите синови и ќерки си заминуваат, повеќе не верувајќи во него“, изјави Сали Бериша, лидер на Албанската демократска партија.
