Гренланд

Трамп: САД мора да го имаат Гренланд

23.12.2025 09:13

Американскиот претседател Трамп изјави дека САД „мора да го имаат“ Гренланд по именувањето специјален претставник за островот, тврдејќи дека е клучен за американската национална безбедност...

Американскиот претседател Трамп изјави дека САД „мора да го имаат“ Гренланд по именувањето специјален претставник за островот, тврдејќи дека е клучен за американската национална безбедност.

„Ако го погледнете Гренланд нагоре и надолу по брегот, имате руски и кинески бродови насекаде. Ни треба за национална безбедност. Мораме да го имаме. Гренланд е голема работа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Данска остро реагираше, нагласувајќи го својот суверенитет, додека властите во Гренланд порачаа дека самите ќе одлучуваат за својата иднина. ЕУ изрази поддршка за Данска и народот на Гренланд.