УХМР
Утрово најстудено во Берово
23.12.2025 09:19
Најниската температура утрово е измерена во Берово, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола...

Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, 0 степени измерени се во Крива Паланка, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 1 степен во Куманово, Виница, 2 степени во Штип, Велес, Кавадарци, Крушево и 3 степени во Охрид и Демир Капија.
