Почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари
Според роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае до 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.

Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година.
Според роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае до 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.
Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта, како кандидат на коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани од НАИ.
Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од група избирачи.
Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.
Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети кандидат на СДСМ.
Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на локалните избори 2025 таму немаше доволна излезност. Според законот, потребно е најмалку една третина од запишаните гласачи да излезат на гласање, за изборите да се сметаат за успешни.
