Венецуела

Национално собрание на Венецуела одобри Предлог-закон против пиратство

23.12.2025 10:45

Претседателот Мадуро го поздрави законот, критикувајќи ја политиката на американскиот претседател Трамп...

Национално собрание на Венецуела одобри предлог-закон против пиратство, со кој се криминализираат дејствија што ја загрозуваат слободата на навигација и трговија по запленувањето нафтени танкери од страна на САД во Карибите. Мерката е со цел да ја заштити економијата и националниот суверенитет. Претседателот Мадуро го поздрави законот, критикувајќи ја политиката на американскиот претседател Трамп.

„Целта на законот е да се спроведат светските конвенции за спречување на напади врз бродови, пиратство и сите злосторства против меѓународната трговија. Трамп би се справил подобро со светот ако се фокусира на проблемите во својата земја, бидејќи не може 70% од неговите говори и изјави да бидат за Венецуела“, изјави Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Трамп упати ново предупредување до Каракс за дополнителен притисок, додека американската крајбрежна стража продолжи да брка санкциониран венецуелски нафтен танкер за кој тврди дека е дел од „темната флота“ што Венецуела ја користи за да ги избегне санкциите на САД.