Аерозагадување
Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките
23.12.2025 10:05
Мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, соопштуваат од Министерството.

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица.
Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, соопштуваат од Министерството.
