Сообраќајот повторно преку клучката кај Подмоље, на магистралниот пат Охрид и Струга кон Кичево
Како што посочуваат од СВР – Охрид, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.

Во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак- клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље.
Како што посочуваат од СВР – Охрид, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.
Од полицијата се упатува апел до возачите при користење на тој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и останатата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност.
