Франција во економска криза
Промена на економскиот курс на француската економска политика. Француските социјалисти ќе водат либерална политика за излез од кризата, тоа е констатацијата по создавањето на новата француска влада. Очигледно е дека Франсоа Оланд нема друг избор за да ја врати економијата на вистинскиот пат...

Франција се наоѓа во длабока економска криза споредена со соседна Германија. Државниот дефицит не се намалува и е далеку од бараните 3% од ЕУ. Економијата стагнира веќе едно полугодие и од невработеноста е погодено 9,7% од активното население или 5.383.600 невработени. За споредба, во другите земји на ОЕЦД од невработеноста е погодено 7,4 од активното население.
По промената на француската влада јасно е дека претседателот Франсоа Оланд се опредлеува да води социјално-либерална политика, што не е по вкус на левото крило на владеачката социјалистичка партија, но громогалсно поздравена од работоваачите.
Премиерот Мануел Валс и новиот министер за економија Емануел Макрон дојден од светот на финансиите, добија стандинг овација од работодавачите.
„Франција, дами и господа шефови на претпријатија и претприемачи, Франција има потреба од вас. Франција има потреба од своите препријатија и јас ги сакам претпријатијата“, вели Мануел Валс, премиер на Франција.
На дискусијата на новата економска ориентација на владата, веднаш реагираа синдикатите.
„Кога се води многу либерална економска политика, тоа се пропратува со социјален авторитаризам. Значи ќе има тензии во наредните недели“, смета Жан-Клод Маји – генерален секретар на синидкатот ФО (Работничка сила).
„Од почетокот на мандатот нема ниту еден резултат од најавените, како за економската реприза, така и за невработеноста. Истовремено во фондот се наоѓа една Европа во депресија и дефлаџија, последица на тоа политиката која беше ангажирана од владата не дава резултати“, објаснува Франсоаз Фресоз – едиторијалист „Ле Монд“.
Францускиот претседател Франсоа Оланд се надева дека економскиот раст ќе се врати во 2015 Година. Во спротивно, како што самиот најави, ако не успее да постигне резултати во борбата против невработеноста и економијата , нема да биде кандидат за претседател во 2017 година.
Тони Гламчевски
