Македонија
УХМР: Од утре дожд и снег
23.12.2025 12:51
Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето, прогнозираат од УХМР.

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm.
Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето, прогнозираат од УХМР.
Во Скопје, денес кон крајот на денот и во следните два дена ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни.
