МВР

Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства

23.12.2025 14:34

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства.

Утрово во 07:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Р.(34) од с.Криволак, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиротехнички средства.

Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.