Одржана седница на Националниот совет за развој
Во Владата се одржа четвртата седница на Националниот совет за развој. Македонија има донесено стратегија за следниве две децении. Надлежните уверуваат дека таа нема да остане само документ на хартија, туку се предвидени точни рокови за исполнување на зададените цели...

Подобар квалитет на живот, економска стабилност, институционална сигурност и држава подготвена да одговори на идните предизвици. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски рече дека Националниот совет за развој ќе продолжи да биде столб на трансформација и двигател на промените што ги заслужува земјата.
Националната развојна стратегија нема да остане документ на хартија, туку ќе се преточи во реални политики и мерливи резултати. Таа е простор за дијалог, за аргументирана дебата, за градење доверба и создавање заеднички одговори на комплексните предизвици со кои се соочуваме.
Националната развојна стратегија е документ кој првпат на еден системски и сеопфатен начин ја дефинира визијата, каде сакаме да бидеме како држава во следните две децении, рекоа од Владата.
Александра Спировска
