Македонија

Нов обид за повисоки плати на судиите и обвинителите, поднесени две иницијативи до Уставен

23.12.2025 20:28

До Уставниот суд се поднесени две иницијативи за враќање на повисокиот коефициент по кој се пресметува нивниот личен доход.

Судиите и обвинители во нов обид да избоксуваат повисоки плати. До Уставниот суд се поднесени две иницијативи за враќање на повисокиот коефициент по кој се пресметува нивниот личен доход.

Со иницијативите се бара да се преиспита, дали намалувањето на коефициентите што го направи Собранието лани било неуставно, односно дали претставувало мешање во независноста на третата власт.

Во јануари годинава, Уставен веќе одлучи дека нема основа за такво нешто.