Енергетика

Струјата од 1-ви јануари со повисока цена

23.12.2025 13:35

Непријатна новогодишна честитка за граѓаните. Од 1-ви јануари поскапува струјата. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката.

Од 1-ви јануари цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 проценти во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски посочи дека поскапувањето за 85 отсто од домаќинствата ќе биде за 2,28 отсто или за 57-70 денари на просечната сметка.

Известува Борис Грујоски