Уапсен Гувернерот на албанска Народна банка

06.09.2014 17:39

Гувернерот е 17-то лице вработено во банката кое е уапсено и кое е поврзано со кражбата...

Гувернерот на албанската Централна Банка, Ардиан Фулани е уапсен вчера под обвинение за злоупотреба на службената положба за кражба од над шест милиони долари од трезорот на банката.
 
Канцеларијата на албанското Обвинителство соопшти дека Фулани бил уапсен во својот кабинет.
 
Гувернерот е 17-то лице вработено во банката кое е уапсено и кое е поврзано со кражбата.
 
Фулани, и покрај протестите на граѓаните кои покренале петиција за негова смена, претходно одбивал да поднесе оставка.