Измените на Кривичниот законик треба да ја вратат довербата во судството
Новиот Кривичен законик што се подготвува со години, сѐ уште не е готов. Измените, пак, кои деновиве се поднесени во Собранието ја разбрануваа јавноста. Правници апелираат да се поправи штетата направена пред две години. Брисел повика да се следи европското законодавство и да се врати довербата во правосудството...

Измените на Кривичниот законик мора да ја поправат штетата од претходно усвоените во 2023-та, да се спречи правниот вакуум и неказнивоста на делата особено за висока корупција, оценија правниците на дебата во Скопје. Уставниот суд посочи дека оставил рок Собранието да ги донесе измените во редовна постапка, оти решението мора да биде подобро од претходното.
Евроамбасадорот Рокас оцени дека катастрофалните измени на Кривичниот законик мора да се поправат и прифатат од сите во општеството.
Измените на Кривичниот законик треба да ја вратат довербата во судството и државните институции, оценија на дебатата.
Измените на Кривичниот законик влегоа во собраниска процедура и треба да се донесат до крајот на јуни 2026-та.
Ирина Гелевска
