мвр
Пронајдени пиротехнички средства во Старо Нагоричане, лишено од слобода едно лице, следува пријава
23.12.2025 20:00
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава...

На 23.12.2025 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.Д.(71) од Старо Нагоричане. При контрола и преглед во неговиот импровизиран продажен објект во село Старо Нагоричане биле пронајдени 2051 парчиња пиротехнички средства.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информира МВР.
