Амбулантите полни, расте бројот на заболени од грип
Расте бројот на заболени од грип. Не помага ниту студеното време, ниту аерозагадувањето. Амбулантите се полни со дечиња. Но, и покрај тоа што многу дечиња периодов отсуствуваат од настава, Министерството за образование и наука не размислува за предвремен почетокот на зимскиот распуст. Пикот на грипот ќе биде кога ќе се вратат во клупите …

Висока температура, главоболки, болки во коските и мускулите, пациенти со инфлуенца сè почести во амбулантите на матичните лекари. Докторката Анкица Станоевска вели, ова е очекувана за овој период, но за жал децата пројавуваат потешка симптоматологија.
Распустот на учениците е можност за домашна нега, одмор и прошетки на чист воздух, но празниците во овој период-повод за групирања и дружби.
Според министерката за образование, учениците нема предвреме да одат на зимски распустот.
Предновогодишната еуфорија ги наполни трговските центри, лекарите апелираат да се избегнуваат моловите и детските игротеки – тие се една од причините за 200 амбулантски прегледи за 24 часа во детската клиника „Козле“.
Наташа Јанчиќ- Менковски
