Сиљановска-Давкова: Судската разврска за Кочани, национален консензус за ЕУ
Трагедијата во Кочани е нашиот „ѕид на срамот“ – политичарите итно да ги тргнат рацете од судството, повика македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова, во едночасовното годишно обраќање во Собранието. Таа предупреди – Кочани не беше само несреќен случај, туку резултат на системски пропусти, корупција и институционална неодговорност кои државата. Шефицата на државата со порака и до Брисел – да најде креативно решение за деблокада на евроинтеграциите со јасни гаранции. Ако можеше за Украина и Молдавија, може и за нас, истакна претседателката.

Пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 63 млади луѓе е национална трагедија која ја одбележа 2025 година, посочи шефицата на државата во новогодишното обраќање. Колективната траума на површина ги извади недостигот на системска култура и неказнивоста, како институционалната неодговорност и корупцијата. Кочани не доведе до ѕидот на срамот, рече Сиљановска Давкова. Хуманитарноста и солидарноста на дело, пак, покажаа дека во најтешките моменти „не сме сами“. Таа побара од политичките чинители да ги прекинат препукувањата на дневна основа на сметка на судскиот процес за Кочани. Судската разврска за пожарот ја нарече тест од кој ќе зависи дали судството ќе ја стекне довербата на јавноста или трајно ќе ја изгуби.
Потребна е политичка волја, не само од нас, туку и од Европската Унија. Понудивме повеќе креативни решенија, останува Брисел да одлучи. Ако може за Украина и за Молдавија, би можеле и за нас да најдат решение – порача претседателката Сиљановска Давкова. Ако законодавството ни е усогласено со ЕУ, јасно е дека Политичкиот услов преовладува и бара да испорачаме висока сметка. вели таа. Уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот акт на државата, без јасни гаранции од ЕУ и Бугарија ќе нè доведе до ризик да влеземе во унијата со оштетен идентитет – истакна шефицата на државата. Затоа, порача таа, потребен ни е национален консензус изграден врз база на дијалог, бидејќи минатото покажа дека двојните стандарди не ослабнаа како држава.
За обвинувањата на опозицијата за можно доаѓање на мигранти од Велика Британија, претседателката рече дека ако тие се безбедносна закана за таа држава, уште поголема безбедносна закана се за нашата.
Претседателката повтори дека нема да именува два нови члена за Судскиот совет додека не се донесе новиот закон за ова тело кој, според нејзина оценка, треба да направи вистинска промена бидејќи стариот е генератор за партизација, политизација и влијание на судството. „Од реформите во судството, рече таа, ќе зависи дали судството ќе биде имуно на политичките влијанија.
Марина Стојанова – Тонева
