Се почитува прекинот на огнот на истокот од Украина
Проруските сепаратисти и владините сили во источна Украина засега го почитуваат прекинот на огнот којшто е на сила од вчера во 17 часот. Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека сега е важно да почне да се работи на долгорочно решавање на конфликтот во кој од април досега загинаа 2.600 лица. Сепаратистите велат дека прекинот на огнот не значи промена на нивната политика за отцепување на Украина.

Западните земји, кои ја обвинуваат Русија дека ги поддржува сепаратистите со војска и со оружје, се скептични во врска со договорот за прекин на огнот. Русија негира каква било директна вмешаност во Украина и обвинува за кршење на човековите права во регионот Донбас.
И покрај прекинот на огнот, ЕУ вчера се договори за заострување на санкциите кон Русија. Мерките формално треба да бидат усвоени в понеделник, но дипломатите велат дека може да бидат суспендирани ако примирјето продолжи.