Енергетика

Владата прогласи седумдневна кризна состојба

23.12.2025 18:28

Мерката ќе важи 7 дена од стапувањето во сила. Со оваа одлука на државната ЕСМ и се ставаат на располагање државните резерви на мазут за непречено да се произведува струја.

Владата прогласи кризна состојба на пазарот на електрична енергија. Мерката ќе важи 7 дена од стапувањето во сила. Со оваа одлука на државната ЕСМ и се ставаат на располагање државните резерви на мазут за непречено да се произведува струја.

Компанијата нема да плаќа надоместок, но ќе има обврска да доставува извештаи до Владата и до Министерството за финансии.

Според информациите, во резервите има повеќе од 10 илјади тони мазут, кои се доволни за производство на струја во период од 47 дена. Министерката за енергетика Божиновска, уверува дека граѓаните нема да почувствуваат последици, односно нема да има рестрикции бидејќи мерката е од техничка природа.

Проблемите со снабдувањето со мазут се појави поради протестите на грчките земјоделци, а јагленот се доставува со задоцнување.