Временска прогноза

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

24.12.2025 08:16

Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m2 за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 7 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 4 до 9 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.