Зеленски оптимист за мировниот предлог
Американскиот претставник Виткоф изјави дека имал продуктивни и конструктивни разговори во Флорида со украински и европски претставници. Претседателот Трамп истакна дека разговорите продолжуваат...

Украинскиот претседател тврди дека неговиот преговарачки тим успеал да зајакне некои точки во нацрт-предлогот за мир по разговорите со претставниците во САД. Американскиот претставник Виткоф изјави дека имал продуктивни и конструктивни разговори во Флорида со украински и европски претставници. Претседателот Трамп истакна дека разговорите продолжуваат.
„Чувствуваме дека Америка сака да постигне конечен договор и од наша страна постои целосна соработка. Украина никогаш не била и никогаш нема да биде пречка за мир. Работиме активно и правиме се што е потребно за да се осигураме дека документите ќе се реализираат и дека се реални. Клучот е дека Русија не смее да ја саботира оваа дипломатија и мора да го сфати завршувањето на војната 100% сериозно“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украинските вооружени сили се повлекоа од источниот град Сиверск по повеќемесечни интензивни борби, соопштија од украинската војска. Според официјалните информации, руските сили имале значајна предност што дополнително го отежнало задржувањето на позициите.
