Турција

Турција: Се урна авион со либиски генерал и уште 7 лица

24.12.2025 11:19

Несреќата, според властите, е предизвикана од технички дефект...

Либискиот началник на Генералштабот и уште седум лица загинаа кога приватен авион се урна по полетување од Анкара. Несреќата, според властите, е предизвикана од технички дефект. Либиската делегација престојувала во Анкара на разговори на високо ниво за одбраната, со цел зајакнување на воената соработка меѓу двете земји, изјавија турски официјални лица.

Контролорите на летање во Турција вчера вечерта известиле дека изгубиле контакт со авионот кој бил на пат кон Либија, откако полетал од аеродромот во Анкара.