Венецуела

Тензии меѓу Вашингтон и Каракас

24.12.2025 14:34

Жестока дебата во Обединетите нации по неколку месечните тензии меѓу Вашингтон и Каракас. Венецуела обвинува дека САД да се обидуваат да ги оправдаат своите постапки со примена на правилата на војување. Американскиот претставник се закани дека ќе спроведат максимални санкции против претседателот Мадуро со цел да се искоренат нарко-картелите. Иницијаторите на седницата, Кина и Русија побараа САД да ги прекинат воените операции што според нив ризикуваат понатамошна ескалација во регионот.

Итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради тензиите меѓу Вашингтон и Каракас. Претставникот на Венецуела вели дека нема војна на Карибите, ниту меѓународен вооружен конфликт поради што е апсурдно владата на САД да се обидува да ги оправда своите постапки со примена на правилата на војување.

„Убиствата во Карипското Море и Тихиот Океан извршени од Владата на САД во последните неколку месеци се првиот доказ за нејзиниот план да ја наметне својата моќ во регионот, со флагрантно кршење на меѓународното право и човековите права“, изјави Самуел Р. Монкада, постојан претставник на Венецуела во ООН.

Американската крајбрежна стража заплени танкери за нафта поврзани со Венецуела, откако претседателот Трамп прогласи блокада на венецуелските пратки. САД ќе спроведат максимални санкции против претседателот Мадуро.

„Соединетите Американски Држави не го признаваат Николас Мадуро или неговите соработници како легитимна влада на Венецуела. Претседателот Трамп беше многу јасен дека ќе ја искористи целата моќ на САД за да се справи и да ги искорени овие нарко-картели, кои дејствуваат неказнето на нашата хемисфера предолго и сите го знаат тоа“, изјави Мајк Волц, амбасадор на САД во ООН.

Кина и Русија велат дека постапките на Вашингтон ризикуваат понатамошна ескалација во регионот.

„Одлично го осудуваме запленувањето на танкери за нафта од страна на американските трупи и ефикасното воведување блокада во Венецуела“, изјави Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во ООН.

„Ги повикуваме Соединетите Американски Држави да го послушаат праведниот повик на меѓународната заедница, веднаш да ги запрат релевантните дејствија и да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите“, изјави Сун Леи, заменик постојан претставник на Кина во ООН.

Американската војска спроведува кампања против трговијата со наркотици во која од септември се уништени речиси 30 пловила за кои се тврди дека превезувале дрога. Во нападите загинаа над сто луѓе.

Маријана Димовска