Кина
Џиновски снешко е поставен во Харбин, град во североисточна Кина
24.12.2025 17:55
Со висина од 19 метри и од над 3.500 кубни метри снег, снешкото е главна атракција за туристите.

Во екот на Божикните и Новогодишните празници, градовите во светот ја покажуваат својата креативност. Џиновски снешко е поставен во Харбин, град во североисточна Кина.
Со висина од 19 метри и од над 3.500 кубни метри снег, снешкото е главна атракција за туристите.
Проектот е работен со тим од 64 скулптори и повеќе од 100 работници. Харбин кој често се нарекува „град на мразот“, изминатата зима пречека рекордни 90,36 милиони посетители.
