УХМР
Утрово температури над нулата, дожд најмногу наврна во Гевгелија
24.12.2025 09:26
Најниски температури утрово беа измерени во Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, каде беа измерени два степени...

Најниски температури утрово беа измерени во Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, каде беа измерени два степени.
Според УХМР 2 се измерени во Тетово, Крушево, Лазарополе, Маврови Анови, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, 5 Струмица, Штип, Куманово, Берово, Виница, Кавадарци, 6 Прилеп, Охрид, Претор, 7 Битола, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Низ Македонија во изминатите 24 часа имаше и врнежи. Најмногу дожд наврна во Гевгелија,10 литри на метар квадратен, па потоа во Пожаране, Пожар, Крушево, Тетово, Охрид.
