Македонија

Премиерот Мицкоски денеска на Форумот на повратници во државата

24.12.2025 10:05

Мицкоски ќе биде главен говорник на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат и својата иднина да ја градат во татковината.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе биде главен говорник на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат и својата иднина да ја градат во татковината.

Како што соопштија од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Се очекува премиерот во своето обраќање да ги презентира мерките и политиките кои извршната власт ги презема за мотивирање на дијаспората за реинтеграција, како и за олеснување на процедурите за инвестирање и вработување на повратниците.