МВР

Лишен од слобода скопјанец, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени задачи

24.12.2025 15:37

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул. „Никола Карев“ со ул. „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија

На 23.12.2025 во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул. „Никола Карев“ со ул. „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест. Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.