Скопје

Скопската обиколница блокирана поради сообраќајка

24.12.2025 11:01

Според информациите, двете коловозни ленти се целосно зафатени, поради вршење увид, што предизвикува формирање долги колони возила...

Поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на обиколницата е во голем застој.

Според информациите, двете коловозни ленти се целосно зафатени, поради вршење увид, што предизвикува формирање долги колони возила.

На возачите им се препорачува да изберат алтернативни правци и да ја избегнуваат оваа делница додека не се расчисти патот.

Официјални детали од МВР најавија за подоцна.