мвр

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

24.12.2025 20:58

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана...

На 23.12.2025 во 11:50 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода М.Џ.(27) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.