Русија

Тројца загинати во експлозијата на автомобил во Москва

24.12.2025 11:41

Нападот се случил откако двајцата полицајци му се приближиле на маж кој се однесувал сомнително во близина на местото каде што висок генерал беше убиен пред два дена...

Три лица, од кои двајца полицајци загинаа во експлозија на автомобил-бомба во руската престолнина.

Нападот се случил откако двајцата полицајци му се приближиле на маж кој се однесувал сомнително во близина на местото каде што висок генерал беше убиен пред два дена.

Според соопштението на Истражниот комитет, отворена е кривична постапка според членовите од кривичниот законик што се однесуваат на убиство на службени лица и нелегално производство и поседување експлозивни направи. Истражителите и експертите по судска медицина продолжуваат со увидот на терен.