Македонија

УПОЗ: Враќањето на коефициентот за плати само за судии и обвинители ќе ја револтира судската администрација

24.12.2025 12:56

Уставен суд на денешната седница повторно решава за платите на судиите и обвинителите. Од Синдикатот на работниците на управата и правосудните органи сметаат дека доколку се врати коефициентот и се однесува само за судиите и обвинителите, ќе се зголеми јазот и револтот кај судската администрација.

Евентуална пресуда на Уставен во полза на функционерите, со што ќе им се зголемат платите само на судиите и обвинителите ќе го зголеми и така големото незадоволство кај вработените, бидејќи и сега тие земаат петкратно – шесткратно поголеми плати.

За МТВ претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Деаноски, вели дека дури би можело да дојде до прекин на работата. Предупреди дека УПОЗ ја гледа интенцијата на оваа иницијатива, бидејќи слична на таа претходно Уставниот суд ја одби. 250 евра разлика во плата е неправедно спрема вработените, додава Деаноски,

Одлуката на Уставен ќе влијае и на кадарот кој и така веќе три четири години го нема, што поради отказите од незадоволство, што поради природен одлив заради пензионирање, па сега вработените за иста плата работат кај тројца – четворица судии или обвинители. Загрижувачки е, вели Деаноски, што има сè повеќе случаи на мобинг од страна на судиите и обвинителите спрема вработените

Веќе поднесуваат тужби, но се надеваат дека нема да им бидат отфрлани како и до сега, бидејќи УПОЗ секогаш се бори за правата на вработените и ќе остане гласен. Деаноски апелира до функционерите, да се солидаризираат со другите вработени за да им се зголемат и ним минималните плати.

Фиљана Кока