Временска прогноза

УХМР: Од петок стабилизирање на времето и утрински температури под нулата

24.12.2025 12:29

Во текот на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата...

Утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови од државата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 3 до 9 степени.

Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени Целзиусови.

Според прогнозата на УХМР, од петок следува стабилизирање на временските услови. Во текот на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе се спуштаат под нулата.