Здравство

Набавка на нови амбулантни возила, ќе се решава и паркирањето на Клинички

24.12.2025 13:27

Сто нови амбулантни возила и решение за долгогодишниот хаос со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Одлуките се донесени на вчерашната владина седница...

Владата на вчерашната седница донела одлука за издвојување средства за набавка на 100 нови амбулантни возила што ќе бидат распределени во јавните здравствени установи во државата, а на дневен ред била и постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Амбулантните возила со медицинска опрема, како што соопшти министерот за здравство Алиу, ќе чинат 461.250.000 денари или околу 7,5 милиони евра, а средствата ќе бидат обезбедени со преземање обврски во рамки на развојниот дел од буџетот во наредните четири години.

Во однос на постапката за решавање на проблемот со паркингот во кругот на клиничкиот центар во Скопје, донесена е одлука земјиштето на паркинг-просторот да се запише во сопственост на државата, со што се отстранува административната пречка за потпишување договор со Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“.

Известува Наташа Јанчиќ-Менковски