Народна банка

Монетарната политика останува непроменета

24.12.2025 18:06

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народна банка.

Интервентното зголемување на платите дополнително од законски предвиденото би влијаело на монетарната политика – вели гувернерот Славески.

Намалување на инфлацијата со оглед пониските берзанските цени и зголемување на растот по најавените инфраструктурни проекти, се очекувањата на Народната банка, но сепак велат не смеат да се занемарат надворешните ризици и отвореноста на домашната економија.

Усвоена е нова оперативна рамка за поставеноста на монетарната политика со која има скратување на рочноста од 42 на седум дена на каматната стапка на благајничките записи.

Девизните резерви од 4 милијарди и 862 милиони евра се за 50 насто повисоки од 2019-та, што го држи стабилен и девизниот курс и обезбедува простор за интервенции ако има потреба-вели Славески.

 

Александра Велинова