Македонија

АХВ: Поради неисполонување на хигиенски услови, затворени 9 новогодишни куќарки во струшката чаршија

24.12.2025 15:06

Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено - санитарни прегледи...

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе вонреден инспекциски надзор во 9 новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување на основни хигиенски услови. На угостителите  им се изречени парични казни по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.

Со контролатата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градскатата водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено - санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса.

Решенијата за времена забрана на вршење на дејност ќе останат на сила се до исполнување на потребните услови за работа.