Економија

Цените нема да пораснат во пресрет на празниците, уверуваат од Владата

24.12.2025 18:54

Сите трговци кои ставаа цени од ракав, биле парично казнети, рече министерот за економија Бесар Дурмиши. Пазарната инспекција постојано е на терен и до крај на годинава контролите ќе бидат уште позасилени...

Граѓаните да бидат спокојни, цените нема да пораснат во пресрет на празниците, уверуваат од Владата. Сите трговци кои ставаа цени од ракав, биле парично казнети, рече министерот за економија Бесар Дурмиши. Пазарната инспекција, додава, постојано била на терен и до крај на годинава контролите ќе бидат уште позасилени.

Граѓаните, во пресрет на празниците очекуваат цените – главно на основните производи да се стабилизирани, оти како што велат, не може секој да си дозволи да го наполни фрижидерот како порано.

ПРЕСМЕТКА НА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА

Од 1 јануари 2026, Владата ќе почне со пресметка на „просечна потрошувачка кошничка“ за едно семејство, паралелно со синдикалната минимална.

Владината пресметка ќе се темели на податоци од најголемите маркети, цените на основните прехранбени производи и трошоците неопходни за „просечен живот“.

Во однос на минималната плата, министерот рече дека ставот е јасен и темелен на официјални економски показатели. Како што посочи, инфлацијата покажува знаци на стабилизација, а законски утврденото усогласување во март останува единствениот одржлив и предвидлив механизам за раст на минималецот.

Борис Грујоски