Македонија

Владата ќе набавува нови амбулантни возила, ќе се решава и паркирањето на Клинички

24.12.2025 17:18

Владата донесе одлука за набавка на 100 нови амбулантни возила. Со инвестицијата од 7,5 милиони евра треба целосно да се модернизира флотата за итна медицинска помош. Проблемот со паркингот се решава со владина одлука...

Само 10 амбулантни возила за град од над половина милион жители. Речиси е невозможно да се даде медицинска помош на сите. Но и единиците на Брза помош низ државата имаат проблем со транспорт на пациенти во итни ситуации.

Освен возилата во здравството, горлив проблем и паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Проблемот со паркингот се решава со владина одлука. Земјиштето на паркинг-просторот ќе се запише во сопственост на државата, со што ќе се отстрани административна пречка за потпишување на договорот со ЈП Градски паркинг – Скопје. На паркингот на Клинички дневно влегуваат 5.000 возила, а има само 1.000 места.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски