Собрание

Нови министри во владата на Мицкоски

24.12.2025 16:48

Се комплетира владиниот кабинет доби нови министри за европски прашања и животна средина. Беким Сали, ќе седне на местото на Орхан Муртезани, а Мухамед Хоџа ќе го замени Изет Меџити кој стана градоначалник на општина Чаир. По жестоката дебата, пратениците дадоа зелено светло …

Со над 70 гласа „за“, без воздржани и против, избрани се Беким Сали за министер за европски прашања и вицепремиер, и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање. Сали доаѓа од местото пратеник на „Вреди“, а Хоџа е поранешен портпарол на владата. Премиерот Мицкоски рече имаат искуство во државни служби и очекува да придонесат за евроинтеграцијата и заштитата на животната средина.

Пратениците од владејачкото мнозинство едногласно го поддржаа изборот на Сали и Хоџа, додека опозицијата истакна дека е само шминка за неспособната влада.

Досегашниот министер за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде советник во кабинетот на премиерот за спроведување на реформската агенда за приближување кон ЕУ.

 

Ирина Гелевска