Уставен суд
Постапка за уставноста на платите на судиите и обвинителите
24.12.2025 16:56
Платите во правосудството се клучни за независно судство и не смеат да се намалат ниту во време на криза, се согласија мнозинството уставни судии. На денешната седница одлучија да ги прифатат поднесените иницијативи и да поведат постапка за уставноста на двата закона со кои не се зголеми коефициентот на месечните примања на судиите и обвинителите.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на законите за платите на судии и јавни обвинители, кои двапати во Парламентот беа изменети со намалување на коефициентот на платите којшто се множи по формула со просечно исплатената плата во Македонија.
Според претседателот на судот Дарко Костадиновски со оваа одлука ќе се обезбеди независност на судската власт, но и ќе се гарантира дека нема намалување на платите на јавните обвинители според стандардите од европската повелба за судството и конвенцијата на Советот на Европа.
Според судијата Осман Кадриу има четири исходи-да се поништи одлуката, да се укине или да не се донесе никаква одлука, или да се донесат толкувачки одредби за државните органи на кој начин законодавецот да го уреди ова прашање.
Уставниот суд не донесе одлука за линеарното зголемување на пензиите, иако неодамна поведе постапка за оценување на уставноста. Судиите го одложија и решението за измените во Кривичниот законик, зашто добиле допис од спикерот на парламентот дека измените на КЗ се во законодавна процедура.
Игор Панов
