Судење

Денеска ново рочиште за пожарот во „Пулс“

25.12.2025 08:34

Во затворот „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На рочиштето воведни зборови треба да даде уште еден обвинет и неговата одбрана, а потоа почнува и сослушувањето сведоци.

Во големата сала во затворот „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На рочиштето воведни зборови треба да даде уште еден обвинет и неговата одбрана, а потоа почнува и сослушувањето сведоци.

Претходно, сите обвинети рекоа дека не се виновни. Одбраната на дел од обвинетите ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица, сопственици, поранешни министри за економија, управители, инспектори, поранешни градоначалници и обезбедувачи. Во пожарот во „Пулс“ настрадаа 63 лица, а над 200-те беа повредени.