ЕСМ

Отчитување на броилата за реални сметки за струја

25.12.2025 08:56

За претстојните празници се организирани вонредни екипи за отчитување на броилата...

Електродистрибуција во наредниот период ќе врши отчитување на броилата, со цел потрошувачите да добиваат сметки со реална, а не прогнозирана потрошувачка. За претстојните празници се организирани вонредни екипи за отчитување на броилата.

Од компанијата велат дека процентот на отчитување е зголемен на 95 насто на тримесечно ниво, односно 90 на месечно ниво. Веќе е почната етапна телефонска комуникација со 10 илјади потрошувачи кои во последните две години поднеле приговори или поплаки за фактурите.

Од почетокот на декември корисниците имаат пристап и до онлајн корекција на фактура, што е опција за брза интервенција доколку има грешка во сметката.