Зеленски: И покрај тешките времиња, Украина останува обединета
Киев би можел да ги повлече трупите од источниот регион како дел од мировен договор со Русија, доколку и Москва се повлече и областа стане демилитаризирана зона под меѓународен надзор. Кремљ го отфрла предлогот и бара дополнителни услови...

Киев би можел да ги повлече трупите од источниот регион како дел од мировен договор со Русија, доколку и Москва се повлече и областа стане демилитаризирана зона под меѓународен надзор. Планот ги опфаќа Донбас и нуклеарната централа Запорожје и би одел на референдум. Кремљ го отфрла предлогот и бара дополнителни услови-неутрален статус на Украина и запирање на проширувањето на НАТО, пишува „Блумберг“.
И покрај тешките времиња, Украина останува обединета-изјави Зеленски во божиќното обраќање.
„И покрај сите страдања што ги донесе Русија, таа не е способна да го окупира или бомбардира она што е најважно-нашето украинско срце, нашата вера едни во други и нашето единство. Без сомнение, воените времиња нè променија. И она што е важно сега не е како го украсуваме нашиот дом, туку како го браниме“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
