Најмалку двајца загинати и десетици повредени во експлозија во дом за стари лица во Пенсилванија
Силна експлозија во дом за стари лица во Пенсилванија усмрти најмалку две лица, а десетици се повредени. Спасувачите ги пребаруваат урнатините, додека петмина сè уште се водат за исчезнати...

Силна експлозија во дом за стари лица во Пенсилванија усмрти најмалку две лица, а десетици се повредени. Спасувачите ги пребаруваат урнатините, додека петмина сè уште се водат за исчезнати.
„Имаме две жртви. Соработуваме со локалните, државните и федералните власти и можеме да потврдиме дека има 20 повредени, 19 сè уште се хоспитализирани. Еден е во критична состојба“, изјави Чарлс Виник, началник на полицијата на Бристол.
Како можна причина за експлозијата е истекување на гас.
„Што се однесува до истрагата за причината за експлозијата, таа сè уште е во фаза на истрага. Во моментов имаме тешка механизација за да ја расчистиме областа. Сè додека не ги отстраниме ѕидовите и покривот што се урнаа, нема да знаеме што точно се случило таму“, изјави Кевин Диполито, началник на противпожарната служба на Бристол.
