САД

Силна зимска бура ја погоди Калифорнија

25.12.2025 12:14

Силна бура во Калифорнија предизвика поплави, лизгање на земјиштето и затворени патишта. Стотици евакуирани, илјадници без струја...

Силна зимска бура ја погоди Калифорнија, предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и затворени патишта. Стотици евакуирани, илјадници без струја, а во шест окрузи е прогласена вонредна состојба. Државните служби и Националната гарда се во состојба на готовност.

„Нашиот центар за итни операции е активиран, градските екипи се во состојба на готовност да реагираат на какви било последици од бурата. Додека влегуваме во божиќните празници, апелирам жителите на Лос Анџелес да останат безбедни и да не ги користат патиштата доколку е неопходно“, истакна Карен Бас, градоначалничка на Лос Анџелес.