Случај „Епштајн“

Американските власти открија повеќе од еден милион документи потенцијално поврзани со случајот Епштајн

25.12.2025 14:27

Документите се прегледуваат и редактираат за заштита на жртвите, согласно новиот закон за транспарентност...

Министерството за правда на САД соопшти дека открило над еден милион документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, за чие објавување ќе бидат потребни уште неколку недели.

Документите се прегледуваат и редактираат за заштита на жртвите, согласно новиот закон за транспарентност. Досега веќе се објавени повеќе серии материјали.