МЖСПП

Прекинат прагот на алармирање во Кичево, престануваат да важат мерките и препораките

25.12.2025 10:33

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека на ден 24.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 во Кичево се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3...

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 24.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Кичево

Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат.